Седум работи на кои трошите многу пари
Објавено во: Финансии 20 Декември, 2016
Секој од нас барем еднаш во животот зажалил за „фрлени пари“, кои можел да ги потроши на попаметен начин.
На некои работи може да се заштеди значителна сума пари, посебно за време на празници.
Ќе заштедите ако не купувате познати брендови кои се скапи.
Не треба да се претерува со купување на храна, затоа што парите практично се фрлаат кога на храната ќе и помине рокот и ќе се фрли.
На интернет треба да се купува умерено, а не да се претерува затоа што може да прерасне во зависност.
За себе и своите потреби изберете најповолна мобилна тарифа.
Ланците за брза храна треба да се избегнуваат.
Играњето на игри на среќа во некои случаи е непотребно фрлање на пари.
Кога купувате, не треба да го правите тоа импулсивно и без план затоа што лошо ќе влијае на вашите финансии.