Северна Кореја ќе врати со „серизен удар“ врз земјите кои ќе им нанесат санкции
Објавено во: Свет 11 Април, 2019
Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун изјави дека неговата земја треба да нанесе "сериозен удар" на оние кои наметнуваат санкции на нејзината економија, пренесува Ројерс цитирајќи ја северно корејската инфромативна агенција КЦТА.
"Мораме да им зададеме сериозен удар на непријателските сили, кои се решени да нè стават на колена со санкции, преку градење социјалистичка конструкција на високо ниво, потпирајќи се на себе, нашата држава, нашата сопствена сила, технологија и ресурси", рече Ким.
Се очекува денес, Северна Кореја да одржи седница на Законодавно собрание - Врховниот народен собор. Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со својот јужнокорејски колега.