ШОКОВИ ОД БРИТАНИЈА: Парламентот ја презеде контролата над Брегзит-на маса сите опции па дури и откажување!
Објавено во: Свет 26 Март, 2019
Британските пратеници гласаа за преземање на контролата од владата над дневната работа во парламентот за да од среда би можеле да одржат низа гласања за алтернативните опции за Брегзит.
Како наведува БиБиСи се работи за потег без преседан, чија цел е да се пронајде мнозинство за било која опција за Брегзит.
За преземање на контролата над дневаната работа на парламентот гласале 329 пратенци, додека 302 биле против.
СиЕнЕн навеудва дека пратениците би можеле да гласаат за седум различни опции кои вклучуваат одржување на нов референдум, излез од унијата без договор или договор како оној кој го има Норвешка, а кој на Британија би и дал пристап до единствениот пазар на ЕУ и зоната на слободна трговија.
АП додава дека една од алтернативните опции би можела да биде откажување од Брегзит.