02 Мај, 2024
0.0270

Што кријат белешките на екс директорот на ФБИ, доволно ли за импичмент на Трамп?

Објавено во: Свет 10 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Екс директорот на ФБИ Џејмс Коми кој беше отпуштен од Доналд Трамп ќе треба да и ги достави на Комисијата за разузнавање на американскиот Сенат белешките кои ги правел по секоја средба или разговор со претседателот на САД.

Проблематично е што ФБИ е независна истражна институција која не треба да има политички влијанија, а Трамп од Коми изрично барал лојалност за што тој не се обврзал. Потоа во еден разговор во Белата куќа Трамп индиректно рекол дека се надева дека Коми ќе направи да престане истрага против неговиот советник за безбедност Мајкл Флин кој се сомничи дека соработувал со руски државни служби. Ваквиот притисок критичарите на Трамп го оценуваат како попречување на правдата.

Коми сведочеше на отворена седница на Комисијата за разузнавање на американскиот Сенат, а сите доверливи и класифицирани информации од типот дали Трамп имал заговор со руските служби, дали се води истрага за него додека бил во Русија каде наводно има сомнежи дека бил сниман со проститутки па уценуван и дали неговите советници се под влијание на Русија ги откри на затворена седница. 

Во САД исто така се води истрага и на специјален обвинител кој е поранешен шеф на ФБИ и се смета дека токму неговиот избор е направен со цел да му се возврати на Трамп што се обидел да ја извалка оваа значајна институција.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа