01 Мај, 2024
0.0319

СИРОМАШТИЈА: Ниски плати – голема депресија !

Објавено во: Економија 05 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Во структурата на невработените според должината на невработеноста, процентот на лицата кои чекаат 4 и повеќе години е зголемен од 60,9% во 2012 година на 61,7% во 2016 година. Новото истражување на државната статистика покажува дека 53% од граѓаните би прифатиле да работат за плата од 8 000 до 16 000 а само 0,5 отсто за плата повисока од 40 000 денари. Ниските плати, стопениот оптимизам раѓаат депресија. Мора да се менуваат сегашните социјални политики, вели во интервју за “Фактор“ професорот Јорде Јакимовски од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања. 

На хартија многу мерки – какви се ефектите ? 

Фактор: Дури 33% од неактивното население живее и се потпира на социјални бенефиции. Досега , во апсолутен износ , висината на државната помош растеше, но и натаму оваа категорија на граѓани остануваат во групата на сиромашни. Како се објаснува оваа состојба и дали сметате дека досегашните социјални политики ги дадоа очекуваните ефекти? 

Јакимовски: Да, стапката на сиромаштијата е најмала после социјалните трансфери а нависока пред социјалните трансфери.  Имено во 2015 година после социјалните трансфери стапката на сиромаштијата изнесува 21,5% додека пред социјалните трансфери  40,5%. Сиромашни се оние лица или семејства  чии ресурси                      (материјални, културни и социјални) се ограничени до тој степен што ги исклучува од минималниот прифатлив начин на живот. Во Република Македонија сиромашните лица или семејства не само што се сериозно лишени од основните човекови потреби( храна, чиста вода за пиење, здравствена заштита, санитарни објекти и информации) туку и од одредени услуги.  Досегашните социјални политики не ги дадоа  очекуваните ефекти.  

Фактор: Зошто сметате дека досегашните политики не ги дадоа очекуваните резултати? 

Јакимовски: Еве, на пример ако во Националната стратегија за намалување на сиромаштијата, националната цел на стапката за вработување на младите (15-29 гоини) за 2015 година  е превидена  29% , но според анкетата на работна сила за 2015 година таа изнесува 28%. Во структурата на невработените според должината на невработеноста, процентот на лицата кои чекаат 4 и повеќе години се зголемил од 60,9% во 2012 година на 61,7% во 2016 година.  Стапката на сиромаштијата кај  домаќинства со двајца возрасни и со три и повеќе издржувани деца се зголемува од 49,9 % во 2013 година на 52,2%.  Пропорцијата на невработени млади се зголемува, имено ако во 2006 година е за 16,2% повисока  во однос на просечната невработенос, во 2016 година таа е повисока за 16,9%.

Ниски плати – ниски очекувања ....

Фактор: Новото истражување на државната статистика покажува дека 53% од граѓаните би прифатиле да работат за плата од 8 000 до 16 000 а само 0,5 отсто за плата повисока од 40 000 денари. Што покажува ова со оглед на тоа што голем процент од граѓаните се подготвени да работат за плата пониска од републичкиот просек? 

Јакимовски: Во Република Македонија, заработката од плата е најголем едини извор на приход, додека немањето на работа е најголема причини за сиромаштија. Сапката на сиромаштија според најфрекфентниот статус на економската активност  е  ви највисока кај невработените ( 39,7% )   во однос на  варботените ( 8,9)  и   пензионерите (7,3%)  ( Состојба  2015 година).   Според тоа, промените во работниот статус или во заработувачката се основните фактори за влегување  во или надвор од состојбата на сиромаштијата.  Значи бројот на вработени работоспособни лица  во семејството( домаќинството)  е една од најважните детермиати за стапката на сиромаштијата. Вработените лица имаат пониска стапка на сиромаштија од невработените. Понатаму, вработеноста во текот на животот влијае врз сиромаштијата по пензионирањето. Невработените во Република Македонија се често придружени со ограничен пристап до приходи, до средства за работа, до социјалните, здраствениите, образовните и културните услуги и  придружени со сиромаштија и социјална исклученот . 

Фактор: За најголем дел од семејствата платата е единствен извор. Како ги профилирате овие домаќинства? 

Јакимовски: Вообичаено  е дека влијанието на вработеноста врз сиромаштиата е позитивно. Заработувачката од платената  работа е најголемиот извор на приходот, додека немањето на заработката е најголема причини на сиромаштијата. Промените кај работниот статус или кај заработката се главна причина  за движењето во или надвор од сиромаштијата. Бројот на вработените во едно домакинство е најважен индикатор  за степенот на сиромаштијата на сите членови во домаќинството, вклучувајки ги и децата, меѓутоа вработеноста во текот на животот влијае врз степенот на сиромаштијата по пензионирањето.  Клучно прашање кое се поставува во Република Македонија  е колку економскиот статус на членовите во домаќинството  влијае врз сиромаштијата? За најголем дел од луѓето кои живеат во македонското општество платата е главен извор на приходот, додека немањето на заработкаата е најголема причина за сирмаштијата. Така, пристапот до пазарот на трудот и платите кои ги примаат се клучни  при определувањето на средствата на поединците и домаќинствата, а се исто така многу важни при обезбедувањето на сигурност  и котрола во однос на тие средства. 

Фактор: Колку економскиот статус влијае врз вкупниот квалитет на животот? 

Јакимовски: Работата  со себе носи одредени бенфиции во финасиската и социјалната смисла, но сепак не е мал број на они што остануваат сиромашни и исклучени иако се вработени. Недостигот од  приходи, од пристапот до квалитетно здравство, од домувањето и од квалитетот на локалната животна средина влијае врз благосостојбата на населението во Република Македонија  Одговорот на прашањето дали вреди да се работи е мошне сложен, но  во целина гледано е позитивн- работата е во корелаација со пониско ниво на сиромаштија. Тешкотиите при вработувањето импицираат проблеми на индивидуално и трошоци на општествено ниво. Како позначајни индивидуални проблеми можат да се наведат: фрустрации, нервози, мала заработувачка во работниот век, одлагање на брак и родителство кај младите, неискористеност на знаење и вештини и социјалнна исклученост. 

Проблеми во општеството се: негативен успех во демографската политика, голема неискористеност на енергијата и творечката способност на младата работна сила, зголемени  социјалните трансфери и  изгубени даноци. Сиромашни се оние лица или семејства  чии ресурси ( материјални, културни и социјални) се ограничени до тој степен што ги исклучува од минималниот прифатлив начин на живот. Во република Макеедонија сиромашнителица или семејства не само што се сериозно лишени од основните човекови потреби( храна, чиста вода за пиење, здравствена заштита, санитарни објекти и информации) туку и од одредени услуги. 

Што треба да се менува ?

Фактор: Изминатиот период беа спроведени пакет мери за поттикнување на вработеноста кај младите – а тие и натаму се најранливи поради високата стапка на невработенсот. Така на пример податоците покажуваат дека од кај луѓето на возраст од 20 до 24 години стапката на невработеност изнесува 46,4% а кај лицата од 25 до 29 години таа стапка изнесува 36,1%? Има ли решение за невработенста кај младите кои масовно ја напуштаат Македонија?

Јакимовски: Прво,  интересен е податокот што работната сила( вработени и невработени) на возраст од 15-29 години се намалува. Имено од 234 549 во 2006 година на 209159  во 2016 година или за  25.390 лица, односно за 11%.  Но, исто  така  се намалуваат некативните лица на возраст од 15-29 години ( лицата кои се во образовниот процес,  односно лицата кои се припремаат за пазарот на трудот)  од 249 047 во 2006 година на 226 061во 2016 година или за 22 986  лица односно за 9,2%.  Република Македонија со стапка на невработеност од 23,7%, (Анкета на работна сила  2016 година) секако  не дава  добри перспективи за  општествена интеграција на младите, особено ако го земеме во предвид дека нивната стапка на невработеност изнесува  41%.  Што значи дека над две петини  од работната сила кај  младите  е оневозможено да сеткнуваат работно искуство и заработувачка. 

Долгорочната невработеност во раниот работен век кај младите може да има долгорочни лоши последици во доживотната перспектива, неискористеност на знаењето и вештини, потенцијал на ниска заработувачка, во текот на животот, намален здравствен статус и опасност од социјална исклученост.

Фактор: Дали сметате дека е потребна промена на моделот на социјална заштита? Што би требало да биде приоритет на идните владини политики?

Јакимовски: Да.  Потребно е подобрување на животниот стандард на семејствата, односно развивање на  систем на финансиска помош на семејствата со ниски приходи, многучлени семејства и невработени родители. Понатаму, намалување на трошоците на семејствата по однос на грижата за децата, а посебно  кај семејства кои живеат под линијата на сиромаштијата. Следење на индикаторите на сиромаштијата и унапредување на постојните програмски активности на државата.Бидејки економската зависност на младите трае подолго време потребно скатување на преминот од образование  во работен однос. Скратувањето на пазарот на трудот  на младите  заедно со ерозија на нивните социјални права  претставува фундаметално прашање , преминот на независноста на возрасниот човек  продолжена е од раните дваесет одини на почетните трисет години од животот. Треба да се олесни на  младите лица  одвојувањето од родителите,за да станат финасиски независни со право на пимања на социјални бенифиции  до вработувањето.

Фактор: Дали се потребни и промени во образованието? 

Јакимовски: Секако дека е потребно иницирање на нови мерки и политики за обезбедување услови за еднаков пристап до предучилишно, основно и средно образование за сите деца во дражавата. Олеснување на пристапот на образованието на децата кои живеат во сиромашните заедници, со цел да се развијат вештини и знаења кои им се потребни за подобрување на нивните животни услови. Создавање на услови за поддршка на инвестиции и вработувања во селските средини. Воведување и развивање на нови услуги од социјална заштита на локално ниво. Унапредување на формите за развој на одговорно родителство и еднаквост меѓу половите во однос на грижата за децата Подобрување на состојбата и заштитата на правото на детето во особено сиромашните средини. Многу важно е и обезбедување предучилишно образование за децата кои живеат во руралните средини.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи