Скандал во Москва: Замрзнало и починало тригодишно девојче
Објавено во: Свет 17 Февруари, 2018
Трагедија во Москва. Почина тригодишно девојче откако замрзнало затоа што било заборавено во дворот на градинката во која престојувало. По два часа, воспитувачите виделе дека едно дете недостасува, но за жал било предоцна.
Медиумите известуваат дека телото на малечката Закхра Рзајева било најдено под наноси од снег.
Истрагата е започната, се испитуваат сите во градинката, но нема официјално соопштение од самата градинка.