02 Мај, 2024
0.0290

СЛУЧАЈ ЕРАЗМУС: Шест лица ќе се гонат кривично, Таки Фити се „спаси“

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Поднесен е обвинителен акт против шест лица во случајот„Еразмус“ после опсежна истрага за предметот, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство .

Според обвинителството обвинетите се товарат за примање поткуп.

ОЈО вели дека лицата искористувајќи ја својата положба како вработени на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје се товарат за сторено кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.1, лицето Д.Ј. се обвинува дека сторило кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.1 и Примање награда за противзаконито влијание од чл.359 ст.2 од Кривичниот законик. Обвинетите Љ.Ј. и С.Д. се товарат за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.1 од Кривичниот законик.

Со обвинителниот акт се обвинува и лицето Д.Д. за сторени три кривични дела- Давање поткуп од чл.358 ст.1 од Кривичниот законик.

Постапката е запрена за лицето Таки Фити бидејќи обвинителството за него нема докази кои потврдуваат дека го сторил кривичното дело.

Еразмус случајот беше покренат во јуни годинава-Битка со професорската мафија или спин да се покрие нешто друго?

Малверзации на економски истражуваше обвинителството и во 2007 та година 

Уште во 2007 та тогашниот скопски јавен обвинител Стерјо Зиков го чешлаше економскиот факултет, откако државната ревизија утврди повеќе злоупотреби. Во извештајот за финансиското работење на Економски кое го објави Државниот завод за ревизија, беше констатирано дека во 2005-та факултетот остварил 250.000 евра незаконски приходи, наплатувал и до 4.400 денари за година од студентите. Се спореше и осигурувањето, наместо сите 5.400 студенти по име и презиме, факултетот во „Еуролинк“ осигурал само бројка од 3.500 студенти. На деканот од Економски и на неговите соработници им се забележуваше и дека истата година реализирале приватни патувања со студентски пари, делеле екстра хонорари по неважечки одлуки. Сите овие обвинувања беа на адреса на актуелниот декан Шуклев, кој со факултетот тогаш раководеше девет години, го туркаше петтиот мандат. Сепак скопскиот јавен обвинител Стерјо Зиков тогаш изјави дека нема да го гонат раководството на факултетот, бидејќи ценат оти немало кривично дело. Рече, можеби имало прекршоци, но тие биле застарени. Тогашниот министер за финансии, кој беше дел и од професорскиот тим, немаше категоричен став по ова прашање. „За ниту една институција, не само за Економскиот факултети не е во ред ако се констатираат значителни прекршоци на законските прописи, во тој случај треба да има објаснување и евентуално, ако се од таков карактер сносење на одговорност“, изјави Трајко Славевски, тогашен министер за финансии. 

Шуклев уште одамна предвиде дека ќе се случи полициска акција на економскиот факултет 

Во емисијата „Патот до успехот“ на телевизијата „24 Вести“, снимена во септември 2014-та година, Шуклев зборуваше за подемите и падовите во својата кариера. Тој беше долгогодишен декан на Економскиот факултет во Скопје, дури пет мандати беше продекан и декан. Прашан за истрагите на економскиот факултет, Шуклев изјави дека очекува притисокот од власта да продолжи. Убеден сум дека работиме чесно и совесно, инспекциите можат да си работат рече Шуклев. „Ќе издржиме“ изјави тогаш Шуклев. „Знам дека се чека погоден момент, и тие тенденции се оставаат за друго време, но немаме што да криеме“. Тој во своите настапи ја критикуваше работата на Владата, секогаш одмерувајќи ги зборовите. 

Има корупција на факултетите, но студентите не пријавуваат 

Во 2013 година истражувањето за перцепција за корупција во високообразовните установи во Македонија, Србија, Хрватска, Молдавија и во Бугарија покажува дека студентите имаат висока перцепција за корупција на нивните факултети, но не се осмелуваат да пријават. Според истражувањето, во Македонија е истакната појавата на непотизам, односно професори што го користат своето влијание во процесот на уписи, студенти што користат познанства при процесот на упис на факултет, професори што даваат повисока оценка на основа на познанство и студенти што користат познанства за да добијат повисока оценка или да положат испит. На прашањето зошто не пријавуваат корупција, 28 отсто од испитаниците во Македонија одговориле дека не веруваат дека би промениле нешто, додека 21 отсто се плашат од одмазда. Директно искуство кога студентот купува книга од професорот за да добие поголема оценка имале 39 отсто од испитаните студенти. Студентите на УКИМ (66 отсто) се подготвени да пријават професор дека примил поткуп, но само ако пријавувањето е анонимно.. 

Зошто само Економски факултет?

Ако надлежните институции се решиле да ја средат корупцијата на високообразовните институции, прашањето кое кое го поставува универзитетската фела е: зошто е избран само Економскиот факултет, зошто не е проширена истрагата и на пример на: Правниот, Медицинскиот факултет итн.? Во разговор со голем дел од универзитетските професори, велат дека ова е одмазда на актуелната власт, која не успеа да го заузда „Економски“ од честите критики на професорите за лошите економски владини политики... Дополнително, оваа владеачката гарнитура Економскиот факултет неформално го третира како опозициски стожер. Токму затоа голем дел од професорите сметаат дека ова е политичка пресметка на власта со неситомислениците.. Секако истрагата треба да покаже дали има реален криминал во работењето.

Повеќе за она што го пишуваше Фактор за овој случај читајте тука!

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?