03 Мај, 2024
0.0247

Сноуден: Најмоќната влада во светот само сакаше да си заминам

Објавено во: Свет 14 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Едвард Сноуден, поранешниот американски разузнавач и свиркач, изјави дека дури и неговите поранешни критичари признале дека благодарение на неговите откритија денеска се живее „во подбар, послободен и побезбеден свет“.

Во екслузивно двочасовно интервју дадено во Москва по повод годишнината од објавувањето на своите мемоари, Сноуден за лондонски „Гардијан“ зборуваше за својот нов живот и плановите за иднината.

Првпат детално опиша што го навело да ги открие деталите за тајните програми кои ги води американаката Агенција за национална безбедност (НСА) и британскиот таен штаб за комуникација.

Вели дека бил загрижен заради настојувањето на американската Влада со помош на големите интернет компании да прибира податоци за сите земји, бележејќи го нивниот секојдневен живот. Наведе дека се помирил со фактот дека остатокот од животот ќе го мине во Русија, иако повеќе би сакал да живее во САД или Германија, но додаде дека во Русија е опуштен и е во состојба да води помалку или повеќе нормален секојдневен живот.

Според него, сега помалку се плаши отколку кога пристигнал во земјата во 2013 година, кога се чуствувал осамено, изолирано и параноично заради можноста американските агенти да го ликвидираат на улица, бидејќи сакале одмазда за стореното.

-Бев лицето кое најмоќната земја на светот сакаше да го „тргне“. Не им беше грижа дали сум заминал во затвор. Само сакаа да си заминам, рече Сноуден.

Стравот дека рускиот претседател Владимир Путин може да му го предаде на неговиот американски колега Доналд Трамп „како подарок“ исчезнал во оној момент кога се заладиле односите меѓу Москва и Вашингтон, пренесоа агенциите.

Сноуден во Русија живее од 2013 година, откако ги откри податоците на НСА за илјадниците тајни документи во врска со масовниот надзор. Тој не може да ја напушти земјата заради стравот од екстрадиција во САД, кои издадоа налог за негово апсење. Шест години подоцна Сноуден е еден од најпознатите бегалци во светот: за него е снимен документарен филм што освои Оскар, еден холивудски филм, а посветени му се и повеќе од 10 книги.

Заради неговите откритија во САД и Велика Британија се воведени нови закони за надзор, а интернет компаниите, реагирајќи на бунтот на јавноста заради кршењето на приватноста, воведоа мерки за заштита. 


Можеби ќе ве интересира

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен