11 Мај, 2024
0.0293

Со европски пари ќе се менува ликот на 10 железнички станици

Објавено во: Македонија 01 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Според најавите на министерот за трaнспорт и врски Миле Јанакиески, до крајот на годинава или најдоцна на почетокот на следната целосно ќе бидат реновирани 10 руинирани железнички станици во Македонија. Освен Железничката станица во Велес, нов лик ќе добијат и станиците во Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино.

„Проектите се целосно изработени и  се прави ревизија, а во мај годинава, документцијата ќе се достави до ЕУ бидејќи реновирањето на  овие железнички станици ќе се финансира со средства од европските фондови. Кон крајот на мај и почетокот на јуни се надевам дека ќе почне и постапка за избор на градежна компанија, која ќе ги изведува работите. Воедно, сме во постапка за избор на изведувач за реновирање на железничката станица во Скопје“, изјави денеска Министерот Јанакиески за време на посетата на железничката станица во Велес.

Јанакиески информираше и дека Владата, односно Европската банка ангажирала консултант, кој прави целосна ревизија на целокупната тендерска документација за набавка на 150 товарни и шест патнички вагони. Очекуваат за три месеци да почне постапката за избор на компанија која ќе ги доставува вагоните,  најдоцна во рок од 24 месеци.

ФОТО: build.mk

Можеби ќе ве интересира

Таравари се надева дека ќе ја добие функцијата претседател на СобраниетоБироОд

Таравари се надева дека ќе ја добие функцијата претседател на СобраниетоБироОд

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“

ДИК: Пристигнати се 17 приговори

ДИК: Пристигнати се 17 приговори

МУЦУНСКИ: Утре почнуваат разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

МУЦУНСКИ: Утре почнуваат разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

ЦУК: Oдрони има на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица

ЦУК: Oдрони има на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија