СПЦ е подготвена на дијалог со македонската црква
Објавено во: Балкан 17 Мај, 2019
Светиот архиеријски сабор на СПЦ донел одлука да ги обнови преговорите за решавање на статусот на „Македонскаѕа православна црква“ и да ги продолжи разговорите за тоа со нејзините претставници.
Ова го пишува српска „Политика“ која како што пишува, повикувајќи се на извори од СПЦ, прашањето за МПЦ било една од темите на предпладневното заседание на највисокото црковно тело во средаѕа.
Со спроведување на одлуката за продолжување на дијалогот со МПЦ, че се занимаваат после заседанието на Саборот, Светиот архијеријски синод на СПЦ.
Српската црква, како што рекол изворот на медиумот, не сакала да иницира обновување на дијалогот со Македонците додека во затвор бил архиепископот охридски Јован Вранишковски.
Тој меѓутоа е пуштен на слобода во 2015 година и учествува и на овој, како и на неколку претходни заседанија на сабори на СПЦ, заедно со владиката на Православната охридска аехиепископија, пишува белградскиот дневник.