05 Мај, 2024
0.0263

СПИСОКОТ СО ФИРМИТЕ НЕПЛАЌАЧИ УШТЕ НЕ Е ЈАВНО ОБЈАВЕН - на потег е новиот владин генерален секретар Мухамед Зекири

Објавено во: Економија 15 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Наместо за плати кај работниците, дури 86 илјади евра државна помош завршија кај нивните работодавачи, кои ги задржаа на своите сметки. Такво непримерно поведение во октомври покажале 179 газди, а извисија 338 работници. Оваа мерка е од четвртиот владин сет за помош на стопанството, но се покажа дека има фирми кои сметаат дека државните пари не биле за плати на работниците, туку за нивните џебови. 

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, вчера најави дека уште одма списокот со овие газди ќе го испрати до Генералниот секретаријат на Владата. Таму сега директорува Мухамед Зекири, кој е избран на ова место од новата Влада, откако претходно на позицијата беше Драги Рашковски.

Генералниот секретаријат, пак, треба што поскоро да го објави јавно списокот со овие газди-неплаќачи.

Вчера, но и денес утрово, на веб страницата на Владата, барем на видливо место, списокот се уште го нема. Останува да следиме дали во текот на денешниот ден ќе ги видиме јавно имињата на бесрамните газди, како што доликува на една транспарентна власт.

Лукаревска вчера беше децидна дека овој список нема да се промени, односно сите овие недисциплинирани фирми нема да се тргнат од оваа јавна листа дури и ако во меѓувреме ги исплатат своите обврски за плати кон работниците.

Инаку, УЈП сите овие фирми, откако првично ќе ги опомени, ќе спроведе постапки за присилна наплата на платите, потоа, ќе им испрати свои инспектори, кои заедно со трудовите инспектори ќе го чешлаат работењето на овие компании, врз нив ќе има прекршочни санкции, а нивните имиња ќе бидат испратени и до Јавното обвинителство, што значи дека за нив ќе има и кривично гонење. 

Глобата што ќе ја платат овие компании ќе изнесува од 500 до 1.000 евра за микро компаниите, па до меѓу 1.000 и 10.000 евра за големите компании. 

„Секој кој го прекршил законот ќе одговара, можеби санкциите се премлаки, но ние како УЈП укажуваме дека спроведувањето на присилната наплата се одвива сега, а тоа и ќе продолжи. Исто така, дадени им се налози на инспекторите од УЈП и трудовите инспектори - да го испитаат и целото работење на овие компании. Потребни се построги мерки, но очекуваме и дека оваа јавно објавување на газдите неплаќачи ќе вроди плод“, рече Лукаревска на вчерашната прес конференција.

Директорката на УЈП обелодени и дека некои од газдите неплаќачи за октомври, не ја исполниле таа своја обврска ни за периодот април, мај и јуни, кога дел од фирмите што зедоа државна помош за исплата на плати, исто така не им платија на работниците.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години