БЕСРАМНИ ГАЗДИ: Дури 179 фирми си зедоа државна помош и пак не исплатија плати на работниците - ќе се објават јавно и ќе им се спроведе присилна наплата
Објавено во: Економија 14 Декември, 2020
И покрај тоа што државата им даде финансика помош, дури 179 газди во октомври не им исплатиле плати на своите работици.
Станува збор за дури 338 работници кои останале без плата, и покрај тоа што нивните работодавачи добиле пари од државата за таа цел.
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, обелодени дека станува збор за помош од 5,3 милиони денари која ја добиле овие газди-неплаќачи, или изразено во евра, тоа се 86 илјади евра.
Управата за јавни приходи списокот со овие газди денеска ќе го испрати до Генералниот секретаријат на Владата.
Генералниот секретаријат, пак, треба да го објави јавно списокот со овие газди-неплаќачи, но дали ќе го стори тоа токму денеска, немаше прецизен одговор.
Лукаревска е децидна дека овој список нема да се промени, односно соте овие недисциплинирани фирми нема да се тргнат од оваа јавна листа дури и ако во меѓувреме ги исплатат своите обврски за плати кон работниците.
УЈП сите овие фирми, откако првично ќе ги опомени, ќе спроведе постапки за присилна наплата на платите, потоа, ќе им испрати свои инспектори, кои заедно со трудовите инспектори ќе го чешлаат работењето на овие компании, врз нив ќе има прекршочни санкции, а нивните имиња ќе бидат испратени и до Јавното обвинителство, што значи дека за нив ќе има и кривично гонење.
Глобата што ќе ја платат овие компании ќе изнесува од 500 до 1.000 евра за микро компаниите, па до меѓу 1.000 и 10.000 евра за големите компании.
Инаку, од овие 179 фирми неплаќачи за октомври, дури 40 работодаваќи се од областа на трговијата на мало, 23 фирми се од областа подготовка на оброци и служење храна, а 12 фирми се од областа на транспортот.
Најмногу вакви неплаќачи се од Скоје, и тоа 52 фирми, од Тетово е 41 компанија, додека, пак, од Гостивар е 21 фирма.
„Секој кој го прекршил законот ќе одговара, можеби санкциите се премали, но ние како УЈП укажуваме дека спроведувањето на присилната наплата се одвива сега, а тоа и ќе продолжи. Исто така, дадени им се налози на инспекторите од УЈП и трудовите инспектори - да го испитаат и целото работење на овие компании. Потребни се построги мерки, но очекуваме и дека оваа јавно објавување на газдите неплаќачи ќе вроди плод“, рече Лукаревска на денешната прес конференција.
Директорката на УЈП обелодени и дека некои од газдите неплаќачи за октомври, не ја исполниле таа своја обврска ни за периодот април, мај и јуни, кога дел од фирмите што зедоа државна помош за исплата на плати, исто така не им платија на работниците.
Такви фирми, и после сите оомени, се уште 149 компании кои не исплатиле плата за еден месец, 25 фирми не исплатиле плати за два месеци, а пет фирми не исплатиле плати на работниците за сите три месеци.
И сите овие компании, заедно со овие што не платија плати за октомври, исто така ќе се најдат на јавно објавената листа на Генералниот секретаријат на Владата, а за нив веќе води постапки Јавното обвинителство.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.