СРБИЈА ГИ ОТВОРИ ГРАДИНКИТЕ И ВЕДНАШ СЕ ПОЈАВИ НА КОРОНА: Медицинска сестра е заразена
Објавено во: Балкан 13 Мај, 2020
Само два дена откако беа
отворени градинките во Србија, денеска во една од овие установи е регистрирана
медицинска сестра позитивна на корона вирусот. Српски „Телеграф“ пишува дека
таа ги примала децата кои во понеделникот почнале да доаѓаат во градинката.
Медицинската сестра вработена во претшколската установа „Милка Диманиќ“ во гратчето Власотинце немала ниту еден симптом на Ковид-19, но скринингот кој претходно бил направен, како услов за отворање на градинките, потврдил дека медицинската сестра е позитивна.
Инаку, мерките за безбедност во градинката при примањето на децата биле целосно испочитувани, наведува „Телеграф“, односно заразената медицинска сестра имала заштитна облека на себе на првиот работен ден.