29 Април, 2024
0.0347

СТИГНА ОФИЦИЈАЛНА ПОТВРДА НА ИНФОРМАЦИЈАТА НА ФАКТОР - Комерцијална банка ќе дели историски највисока дивиденда од 910 денари бруто по акција

Објавено во: Финансии 23 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Стигна и официјална потврда на информацијата на Фактор за сумата на дивидендата што ќе ја дели Комерцијална банка.

Според официјалните намери кои банката ги објави на Берзата, дивидендатата на Комерциојална банка ќе биде 910 денари бруто по акција, или 819 денари нето, или 4,8 отсто до последната цена на Берзата.

Токму Фактор објави дека оваа година Комерцијална банка ќе дели историски висока дивиденда, и тоа околу 900 денари бруто по акција. 

Фактор објасни и зошто е очекувана оваа сума на дивиденда. 

Оваа дивиденда треба да ја потврди Собранието на акционери на седницата што ќе се одржи на 27 март оваа година. 

„Врз основа на член 48 од Статутот на Комерцијална банка АД Скопје, Собранието на Банката, на седницата одржана на 27.03.2024 година, донесе ОДЛУКА за определување на износот на дивиденда и датуми на исплата на дивиденда за 2023 година. Износот на дивиденда, согласно Предлог-одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2023 година, донесена од Надзорниот одбор на Банката на 20.02.2024 година, изнесува: - за една обична акција бруто-износ од 910 денари, односно 91 отсто во однос на номиналната вредност од 1.000 денари. За предложениот износ на дивидендата за 2023 година, акционерите ќе се известат преку Повикот за учество на Годишното собрание на акционери на Банката“, се вели во одна од предлок одлуките кои нќе треба да ги потврдат акцвионерите на Собранието што ќе се држи на крајот на март. 

Датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2023 година, е 11.04.2024 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2023 година е 08.04.2024 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2023 година е 09.04.2024 година. Исплатата на дивиденда за 2023 година ќе започне на 25.04.2024 година. Дивидендата за 2023 година ќе се исплатува во готово. 

Согласно член 490 од Законот за трговски друштва, Собранието на Банката го определува износот на дивиденда, датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда, како и планот за исплата на дивиденда и денот на којшто се исплаќа дивидендата. 

„Комерцијална банка АД Скопје, како друштво чии акции котираат на официјалниот пазар на Македонската берза, во своето работење се придржува на принципите на јавност и транспарентост. Заради навремено и точно информирање на акционерите и на јавноста, согласно Правилникот за котација на хартии од вредност на Македонската берза на хартии од вредност, котираните друштва се должни однапред да го соопштат предлогот за висината на дивидендата, а веднаш по одржувањето на Собранието на акционери да го објават дивидендниот календар при исплата на дивиденда на сопствениците на акциите на акционерското друштво. Динамиката на активностите поврзани со исплатата на дивидендата се определува во согласност со датумот на одржување на редовното годишно Собрание на акционерите на Банката. Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда, односно датумот на стекнување на правото за дивиденда, е датум кога се врши пресек на сопствениците на акциите според акционерската книга за да се утврди кој акционер има право на дивиденда. Согласно Правилникот за котација на хартии од вредност, овој датум треба да биде најмалку 14 дена по завршување на седницата на Собранието на акционерите на друштвото на која, покрај другото, се донесува Одлука за распределба на добивката остварена во претходната година. Се смета дека овој временски период ќе биде доволен акционерите и инвеститорите да ги апсорбираат информациите од oдлуките усвоени од Собранието и да креираат соодветна ликвидност со акциите согласно новите информации. Се предлага дивидендата за 2023 година да им биде исплатена на акционерите на Банката кои се регистрирани во акционерската книга на Банката на 11.04.2024 година. Последен ден на тргување со акциите со право на дивиденда за 2023 година, согласно предложената одлука, е 08.04.2024 година, чие порамнување и регистрирање во акционерската книга според правилата на Македонската берза ќе се случи два работни дена од денот на извршеното тргување, односно на датумот на стекнување право на дивиденда за 2023 година, 11.04.2024 година. Тоа значи дека прв ден на тргување со акциите без право на дивиденда за 2023 година ќе биде 09.04.2024 година, чие порамнување ќе се случи по датумот на стекнување право на дивиденда за 2023 година. Исплатата на дивидендата за 2023 година се предлага да започне од 25.04.2024 година. За утврдениот дивиденден календар при исплата на дивиденда за 2023 година, акционерите ќе бидат информирани преку известување во дневниот печат, на интернет-страницата на Банката и на интернет-страницата на Македонската берза за хартии од вредност“, се вели во предлог одлуката објавена на Берзата.

Инаку, органите на банката одлучија следно. Нераспределената добивка на Банката до 31.12.2023 година, се распределува на - дивиденда за обични акции и тоа 2.073.950.970 денари, потоа резерви 1.377.482.383 денари, задржана добивка за инвестициски вложувања – реинвестирана добивка која Банката ќе ја користи во 2024 година 130.000.000 денари. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?