Фактор анализа: Зошто дивидендата од 900 денари за акција на Комерцијална банка е реална и очекувана?
Објавено во: Финансии 23 Февруари, 2024 07:30
Трите клучни фактори од кои зависи износот на дивиденда одат целосно во прилог на тоа дека акционерите на Комерцијална банка годинава ќе добијат историски највисока награда за нивните вложувања во акциите на најголемата домашнопоседувана деловна банка
Инвеститорската јавност позитивно ја прими неофицијалната информација на „Фактор“ дека може да се очекуваат 900 денари бруто износ за секоја акција на „Комерцијална банка“.
Еве неколку факти кои говорат во прилог на тоа зошто информацијата за 900 денари е реална и очекувана барем за дел од инвеститорската заедница која тргува акции на Македонската берза за хартии од вредност.
Клучен аргумент што дава поткрепа на ова очекување е фактот утврден во корпоративната политика на таа банка. А таму е декларирано и е дадено на јавен увид на сите актуелни и потенцијални акционери дека банката може да исплати во форма на дивиденда до 70 отсто од добивка за годината за која се доделува дивидендата.
По овој деклариран факт, кој се прави за предвидливост на дивидендната политика, и е многу ценет и корисен за акционерите, произлегува дека дивидендата од 900 денари во бруто износ е реална и очекувана.
Според податокот од консолидираниот неревидиран биланс на успех за 2023 година што неодамна го објави таа банка основната заработка по акција изнесува 1.574 денари. Во корелација со декларираното од корпоративната политика излегува дека износот од 900 денари е понизок за 200 денари од максимално пропишаниот износ од 1.100 денари за акција.
Праксата за доделување дивиденда кај оваа акција покажува дека максималниот деклариран износ никогаш не бил исплаќан во форма на дивиденда. Доколку биде предложен износ од 900 денари за акција и одобрен од акионерите тоа ќе биде највисок износ на дивиденда што досега го доделила таа банка.
Друг надворешен клучен фактор од кој зависи дивидендата кај која било банка е Народната банка. Таа согласно системската позиција и законските надлежности има мандат да корегира износ на дивиденда кај која и да е банка. Ако за тоа има аргументи од својата супервизија врз работењето на банките. Но во овој случај износот од 900 денари е за речиси 20 отсто понизок од максимално декларираниот износ за исплата на дивиденда што може да ја подели Комерцијална банка. И во овој случај централната банка не би требало да биде ризик фактор за износот на дивиденда.
Трет најважен агрумент е односот и очекувањата на акционерите за дивидендата. Иако никогаш не е кажано официјално во јавноста веќе некое време поголемите акционери, вклучително и најголемиот поединечен, не кријат дека нивните очекувања за дивиденда се високи. И за нив тоа дополнително го подобрува угедот и имиџот на банката во инвеститорската јавност. Ова значи дека и од тој одучувачки фактор предлогот за дивиденда од 900 денари многу веројатно би бил не само прифатен туку и баран.
Р.Ф.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





