02 Мај, 2024
0.0257

Столтенберг бара од сите земји-членки на НАТО да формираат фонд од 100 милијарди евра за Украина

Објавено во: Свет 03 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска на состанокот во Брисел на министрите за надворешни работи на земјите-членки,  ќе побара создавање фонд од 100 милијарди евра за пет години за помош на Украина во војната против Русија.

За ова објавија синоќа дипломатски извори, а ова ќе биде изнесено како предлог пред 32-те земји на Алијансата. На состанокот не се очекува одлука, но „разговорите за тоа ќе продолжат пред самитот на НАТО во Вашингтон во јули“, рекол неименуван функционер.

- Министрите „ќе разговараат за најдобриот начин да се организира поддршката на НАТО за Украина за да биде посилна, попредвидлива и поодржлива“, изјави неименуван претставник на Алијансата.

За финансирањето на тој фонд се уште се разговара, но идејата е секоја од земјите-членки на Алијансата да придонесе според својот бруто домашен производ (БДП).

- Сè што придонесува за динамиката на поддршката за Украина оди во вистинска насока, рече неименуван дипломат на НАТО, истакнувајќи дека идејата сè уште покренува многу прашања меѓу сојузниците, особено во однос на финансирањето.

Министрите, кои в четврток ќе ја прослават 75-годишнината од Атлантскиот сојуз, сакаат да разговараат и за начините за зајакнување на посветеноста на организацијата кон Украина, велат дипломатите.


Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа