01 Мај, 2024
0.0271

Столтенберг: Опасно време со бројни безбедносни закани

Објавено во: Свет 10 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг смета дека денеска светот е многу поопасно место со бројни безбедносни ризици за разлика од пред една генерација и тоа го гледа сега по 30 години кариера.

“Има ширење на оружје за масовно уништување во Северна Кореја, има терористи, несигурност  исто така има и една агресивна Русија”, вели Столтенберг во интервју за Гардијан.

Интервјуто доаѓа неколку дена пред почетокот на Шестдневната вежба на руски и белоруски војници, за кои се смета дека ќе се најсеопфатни  од крајот на Студената војна наваму. Приближно 100 000 лица воен персонал и цивили ќе вршат дејствија во Балтичко Море, Западна Русија и Калининград.

Говорејќи за време на посетата во Естонска воена база на 120 километри од границата со Русија, Столтенберг одговори претпазливо на прашањето на “Гардијан” за тоа дали ги поддржува заканите на американскиот претседател Доналд Трамп кон Северна Кореја.

“Ако почнам да шпекулирам за можни воени варијанти само ќе ja зголемам несигурноста и сложеноста на ситуацијата, па според мене мојата задача не е да придонесувам за тоа”, рече тој и додаде дека неговите напори ќе бидат насочени за остварување на политичко решение на кризата. 

Во исто време, сепак, генералниот секретар на НАТО вели дека ја разбира и поддршката за  военото порака на земјите од регионот како Јужна Кореја и Јапонија, кои според него имаат право да се бранат.

“Тие имаат право да одговорат кога забележат овие така агресивни дејствија. Јас исто така го поддржувам присуството на американски војници и сили во Кореја “, изјави тој.

Продолжувајќи  ја темата за американскиот претседател “Гардијан”  го прашува Столтенберг и за тоа дали според него Доналд Трамп е најсоодветната личност за справување со оваа загрижувачка безбедносна ситуација во светот.  Генералниот секретар изјави дека сите 29 членки на НАТО се обединети во своите позиции. 

“Доналд Трамп е избраниот претседател на САД, а НАТО е колективна алијанса од 29 демократии “, рече ген-секот на НАТО.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа