09 Мај, 2024
0.0312

Таблет компјутери за електронско учење за учениците во ЕВН паралелките

Објавено во: Мои пари 03 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Со нови алатки и методи на учење ЕВН продолжи да ја развива „Платформата 2020“ со која се поддржува дуалното образование во земјава. За учениците од специјализираните ЕВН паралелки за едукација и обука на електро монтери  во Скопје и Гостивар обезбедени се таблет компјутери, а со поддршка на Швајцарскиот проект “Образовабние за вработување E4E@мк.” овозможен е пристап до „online“ платформата за учење „ Канвас“. Целта е учениците да имаат пристап до повеќе ресурси за учење и да бидат поддржани во професионалниот развој уште пред да  почнат да работат во ЕВН.

Претседателот на Управниот одбор на ЕВН,  г. Штефан Петер, амбасадорката на Швајцарската конфедерација H.Е. Сибил Сутер и министерот за Образование и наука г. Арбер Адеми на денешната промоција доделија 100 таблет компјутери за  ученици и професорите од СЕТУ „ Михајло Пупин“ – Скопје.

„Од 2017 г. кога првата генерација го почна школувањето па до сега постојано го надоградувавме процесот на учење. Од овој момент вие сте првите ученици во земјава кои принтаните учебници и тешки училишни торби ги менувате со таблет компјутери тешки 300 гр. кои ќе ве поврзат со светот на дигиталното учење. Користете ги за да го соберете сето знаење и да бидете подготвени за предизвикот кој е пред вас, ве чекаме во нашата компанија,  им порача  Претседателот на Управниот одбор на ЕВН  г. Штефан Петер.

Преку соработката со Швајцарската амбасада во РС Македонија е  обезбеден пристап до „online“ платформата за учење „ Канвас“на која се интегрирани сите учебници и вежби кои им се потребни на учениците.

„„Целта на платформата Canvas е да се поедностави наставата, да се подобри учењето и да се надминат проблемите на традиционалните практики за учење, што е доволен мотив за таа да ја добие нашата поддршка. Унапредувањето на дигитализацијата и иновациите во Северна Македонија, особено во стручното образование и обука, ќе придонесе за конкурентност на младaта работна сила, приватниот сектор и националната економија “, рече амбасадорот на Швајцарија во Република Северна Македонија, H.Е. Сибил Сутер.

Голема благодарност до ЕВН и до сите кои го поддржуваат дуалното образование искажа министерот за Образование и наука г. Арбер Адеми.

„ Овој исклучително модерен концепт на образование кој се фокусира на развој на практичните вештини на учениците, започна овде и тоа токму благодарение на компанијата ЕВН Македонија која продолжува да се заложува и да биде партнер на институциите на системот во напорите за овој тип на образование да се проширува и надградува додека не стане системско решение на национално ниво, рече г. Адеми.

Интересот на секоја нова генерација за ваквите специјализирани паралелки расте секоја година истакана директорот на СЕТУ „ Михајло Пупин“ – Скопје, Димитар Ѓеоргиев. Според него ова е вистинскиот пат да се создадат млади професионалци за компаниите со што ќе се подобрува континуирано процесот на дуално образование во земјава.

На крајот на оваа учебна година 20 тина ученици од СЕТУ „ Михајло Пупин“ – Скопје кои ќе го завршат своето образование целосно обучени за работа на терен ќе бидат веднаш вработени во ЕВН и ќе заработуваат почетна плата од над 20 000 денари.

Можеби ќе ве интересира

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“