Татко го пронајде својот четиринаесетгодишник мртов во када: Први детали за трагедијата во Мокрин
Објавено во: Балкан 06 Декември, 2020
Трагедија ја потресе Србија. Tелото на тинејџерот М. Т. кој има само 14 години без знаци на живот е пронајдено во саботата вечерта во бањата во када со вода, во семејната куќа во Мокрин, објавуваат српските медиуми. Според неофицијални информации, првичните сознанија се дека причина за смртта е задушување на гас поради котел за гас.
Бидејќи нема повреди на телото на момчето, се претпоставува дека смртта не се случила насилно. Истрагата се сомнева дека смртта била предизвикана од задушување поради работење на котелот за гас во куќата.
По истрагата, по наредба на заменик-вишиот јавен обвинител во Зрењанин, телото е испратено на обдукција во Нови Сад.
Телото на тинејџерот го пронајдоа неговиот татко и брат, кои веднаш ја алармираа Брзата помош, но кога пристигна на терен, тие можеле да констатираат само смрт на младиот човек.