02 Мај, 2024
0.0255

ТЕКСТ ЗА КОЈ ПИШУВА РЕГИОНОТ: На политичарите им плесна во лице зошто луѓето бегаат одовде!

Објавено во: Балкан 17 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Текст на сараевски новинар и писател Изет Первиз, објавен на порталот Ал Џезериа Балканс, предизвика големо внимание во целиот регион. Во него сликовито е опишана ситуацијата во регионот и очајот на неговите жители и вистинските причини поради кои се бега од овие простори.

Ви го пренесуваме овој текст со незначајни скратувања:

„Оној кој заминува остава нешто зад себе, нешто што ќе го вика еден ден да се врати. Во шеесеттите дома ги оставаа семејствата и градеа куќи. И ете ги, сега се враќаат пензиите да ги потрошат овде. Цел живот сонуваа како своите последни години ќе ги поминат со семејствата. Но не. Нивните деца во меѓувреме избегаа од овие земји, нивните внуци веќе не го говорат мајчиниот јазик.

Оној кој бега не остава зад себе ништо што ќе го прогонува по белиот свет и ќе го тера еден ден да се врати. Од балканот денес се бега без да се сврти глава. Тие ги водат сопругите, тие ги влечат мажите, заедно ги земаат децата од школо, корнат се од корен, безмилосно.

И не се бега од земјата само поради невработеност. Се повеќе се такви кои даваат отказ, а потоа бегаат. Еве, неодамна директор на еден млин на северот од БиХ ни раскажуваше како неговиот технолог кој има плата во висина од две просечни, му останале уште неколку дена до раскинување на договорот. Оди човекот во Германија, а наследениот имот со куќа и фарма ќе го продаде за ништо.

Еве пишуваат медиумите дека од успешната компанија ЗАХ од Босанска Крупа минатата година неколку работници отишле во Европската унија. Неодамна роднината ми рече дека неговиот пријател напуштил добра работа во државна инстуитуција и отишол преку граница. Од Балканот повеќе не се оди по парче леб, оттука сега се бега со главата напред. Се бега од Осијек и Вараждин, Кикинда и Нови Пазар од Никшиќ и Бело поле, од Пеќ и Приштина, од Куманово и Велес...отсекаде.

Се бега жестоко. Се бега од поганата власт, од лажливците во парламентите, од грабливците на буџетските каси, од поткупливите судии, од корумпирани доктори, од адвокатски дерикожи, од наместување на тендери, од партиски вработувачи, од одвратни државни службеници, од продадени новинари, од лажни писатели, од „претприемачки“ политички партии, од нарцисоидна академска заедница, од лицемерни професори, од политички никаквеци, од неискрени попови и нечесни оџи, од три претседатели, 12 премиери, 150 министри, од 600 советници и илјада пратеници и одборници, од додиќ, изетбеговиќ, радончиќ, вучиќ, иванов, грабар-китарова, пленовиќ, гукановиќ, шешељ, тачи и од сите кои татковината ни ја претворија во трулеж во кој кокодакаат од зора до мрак, и до мрак до зора, без престанок, непрекидно, со децении,

Избегаа луѓето, господо од власта. Џабе ви се сите приказни. Никој не остваат зад себе. Кој уште не е опкружен со грандизони куќи, вили, кои преку цела година зјаат празни? Престојуваат во нив баба мувла и дедо застојан и мама промаја и татко нем и сестра празнина и тетка горчина и брат разочарување и чичко предавник и вујна страв и тетка дух и десет, дваесет дена во нив смеа и воздишки на живот, а потоа пак настапува 345 дена осаменост.

Господата од слава во последните години сигурно не ги посетиле нивните училишта на своето детство. Еве во подрачното четиригодишно школо кон крајот на седумдесетите, каде во него одел потписникот на овој текст во кој токму сега се давите читајќи го, секоја година броела по две одделенија со по повеќе од триесет ученици. Денес едвај да се состави по едно одделение од 15 деца. Бројот на запишани на почетокот на школската година задолжително на крајот е помал барем за едно дете.

Но треба и власта понекогаш да ја разбереме. Таа, која е таа власт која не би била задоволна во нејзината земја да се трошат пари заработени во други држави? Колку ли само девизи се слеаа од сите страни на светот, колку пензии доаѓаат во евра од Франција, Австрија, Германија, Швајцарија, и колку ли тоа куќи се градат од материјал од домашни претпријатија и домашната работна сила? Дијаспората плаќа социјален мир. Зошто тогаш власта би имала нешто против таквото бегање? Па, тоа се идните финансиери на општетствената рамнодушност.

Но, нешто се заборави. Овие што бегаат не оставаат зад себе никој на кој ќе му праќаат девизи. Тие не прават куќи. НЕ! Тие на оние наследените закачуваат табли со натписи„: На продажба“, „For sale“, а се почесто огласуваат на арапски. Нивните деца не говорат мајчин јазик, татковина не ја сметаат онаа држава во која се родени нивните татковци, туку онаа која ги прегрнала, им дала солидни детски додатоци, им овозможила добри училишта, значајни стипендии и им понудила работа во струката и прилика да се докажат. Од нив ниту еден балкански премиер, ни сите 12 босански заедно, никаква корист нема да види, тие сигурно ќе имаат попаметна работа од шиење дупки по вреќите на балканските буџети.

Обработка: И.С.

Можеби ќе ве интересира

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат