02 Мај, 2024
0.0310

Тереза Меј на удар: Фунатата нагло паѓа, во Лондон летаат оставки

Објавено во: Свет 15 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Неколку министри, меѓу кои е и министерот за Брегзит Доминик Раб, поднел оставка во британската влада, во знак на протест поради договорот на премиерката Тереза Меј со Брисел за излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Домник Раб поднел оставка со напомена дека не може со мирна совест да ги поддржи условите од договорот на Обединетото Кралство со ЕУ, пренесе АП.

Оставката е голем удар за премиерката Тереза Меј која денес им се обрати на пратениците по повод нацртот за договорот за Брегзит.

Раб рекол дека договорот е неприфатлив и дека „Ниедна демократска нација не се согласила да биде врзана на ваков начин“.

Во рок од само неколку часа, оставки поднеле и министерката за труд и пензија Естер Маквеј, пратеничка во владеачката Конзервативна партија и помошник министерката за образование Ан Мари Тревелијан и државната министерка во министерството за Брегзит Суела Брејвман, пренесе Ројтерс.

Сите своите оставки ги образложиле со незадоволство и загриженост поради нацртот на премиерката за договорот за Брегзит.

Тереза Меј синоќа објавила дека после петчасовен состанок, обезбедила поддршка од Владата за договорот.

ФУНТАТА НАГЛО ВО ПАД

Британската фунта по новите превирања денес во британската влада паднала.

Според податоци на Блумберг, фунтата паднала спрема доларот 1,48 отсто, бидејќи министерот за Брегзит Доминик Раб и уште четворица членови на владата поднеле оставки.

Британската валута вчера оствари раст бидејќи Тереза Меј рекла оти е постигнат договор со ЕУ за разделба. Подоцна кажала дека и нејзината влада одлучила да го поддржи предложениот нацрт на договорот за Брегзит.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа