Топлиот бран во Европа однесе живот
Објавено во: Свет 25 Јули, 2019
Топол бран ја зафати Европа, при што почина дете во Австрија.
Австриската новинска агенција АПА објави дека момчето починало вчера во болница.
Властите објавија дека двегодишно момче починало во регионот Стирија откако влегло во паркиран автомобил кој долго време било на сонце. Детето без да им каже на родителите, влегло и заспало во возилото.
Австриските власти по овој случај предупредија дека децата и животните можат брзо да умрат во затворени возила без климатизација, дури и ако надворешната температура е само 26 степени Целзиусови.
Франција и Белгија деновиве се соочуваат со високи температури.
Во текот на претходниот топол бран во Европа имаше неколку жртви, при што во Франција луѓе починаа откако по сончање влегле во вода.
Научниците потврдија дека јуни бил најтопол месец во историјата.