Триесет и девет години од смртта на Јосип Броз Тито
Објавено во: Балкан 04 Мај, 2019
Денес се навршуваат триесет и девет години од смртта на доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија Јосип Броз Тито. Тој починал на 04 Мај 1980 година во Клиничкиот центар во Љубљана. Погребан е на Дедиње во Белград во Куќата на цвеќето.
Еден од успесите на југословенската власт на чело со Тито, пред сè во периодот до крајот на 1960-тите, било градењето на братството и единството помеѓу југословенските народи и народности. Но, од крајот на 1960-тите национализмот бил во постојан пораст за на почетокот од 1990-тите да доведе до распад на Југославија.
На погребот на Тито во мај 1980 година присуствувале голем број на високи странски делегации.