Турист падна од тврдина и се бори за живот
Објавено во: Балкан 16 Мај, 2019
Државјанин на САД денеска околу 16 часот падна од тврдината во Дубровник, по што се бори за живот.
Веднаш се повикани итна помош, полицијата и пожарникарите. Како што јавуваат медиумите, туристот го преживеал падот, но е пренесен во болница, каде лекарите се борат за неговиот живот.