Турскиот премиер: Убиството на Андреј Карлов не е случајно
Објавено во: Балкан 20 Декември, 2016
Турскиот премиер, Бинали Јилдирим изјави дека убиството на рускиот амбасадор во земјата, Андреј Карлов се случува во период во кој двете држави работат заедно за отворањето на решенија за регионалните проблеми, пренесе Anadolu Agency.
„Тоа сигурно не е случајност. Турција ја споделува болката на Русија"-додаде тој.
Јилдирим ги пофали активностите на Карлов, кој според него направил многу за подобрување на билатералните односи меѓу двете земји.
Поранешниот турски полицаец Мевлут Алтинташ го застрела дипломатот на настан во галерија каде што влегол благодарение на полициската легитимација иако претходно го активирал детекторот за метал. 22-годишниот атентатор беше ликвидиран по неколкуминутна престрелка со полицијата. По извршениот претрес во домот на Алтинташ беа приведени неколку членови од потесното семејство.