УБИСТВО ВО ГЕВГЕЛИЈА: Поради расправија за мобилен убиле човек
Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2017
Две лица се уапсени поради убиството на Б.Р.(41) од Гевгелија кој вчера околу 7 часот е пронајден мртов со повреди на главата.
Осомничени се К.И. (31) за сторено убиство и Р.К. (43) за помагање.
Според полицијата случајот со починато лице вчера кај нив бил пријавен од страна на лекар од Итната медицинска помош кој ја констатирал смртта со траги на насилство кај Б.Р., пронајден во семејната куќа на второпријавениот Р.К.
Истрагата покажала дека пред два дена во период од 21 до 22 часот, во семејната куќа на Р.К. седеле тој и сега убиениот. Во еден момент дошол првопријавениот К.И. извадил ракија и почнал да го обвинува Б.Р. дека му го украл мобилниот телефон.
К.И. физички го нападнал Б.Р. во пределот на лицето, а продолжил удирајќи го во главата се до неговата смрт. Потоа двајцата осомничени ги прикриле трагите, а телото го преместиле во друга соба од куќата. Убиецот К.И. си заминал, а Р.К. останал.
Полицијата по прибирањето на доказите вчера ги привела двете лица, при што кај К.И. осомничен за убиството се констатирани 4,56 промили алкохол во крвта, а кај осомничениот за помагање Р.К. 2,53 промили алкохол. На двајцата им се земени примероци од крв и урина за дополнителна анализа.
Против К.И. и Р. К., двајцата од Гевгелија поднесени им се кривични пријави и одреден им е притвор во времетраење од 30 дена.