08 Мај, 2024
0.0241

Учителка, втора мајка или вреќа за истурање родителски бес?

Објавено во: Стил 07 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Времињата се менуваат. Учителките остануваат исти, онакви како ги паметиме како првачиња. Oва ново време сепак донесе промени. Ние пораснавме. Престанавме да ги учиме децата да се бранат, а да не напаѓаат, го толерираме кај децата она што на туѓите, никогаш не би им го дозволиле, се караме на родителските средби, се наметнуваме чие дете е подобро, се жалиме на други деца и родители, а притоа се правиме слепи и невешти, кога ќе забележиме дека некое дете е злоупотребувано дома или тука во училиштето од децата кои со него ја делат истата училишна судбина.

Критиките како родители тешко ги прифаќаме, небаре ќе ни се сронат бисерите ако признаеме дека сме погрешиле. Нема ништо полошо од разбеснети родители кои ги бранат своите агресивни деца, тврдејќи дека се невини, само малку си играле, па го удриле другарот, иако оваа епизода има веќе 10 епизоди. Такво е времето во кое живееме. Во ова време доаѓаме да се расправаме со учителката, мавтајќи и пред очи како смее да го земе скапиот мобилен телефон од рацете на детето.


Повеќе прочитајте на Женски магазин, тука!