01 Мај, 2024
0.0293

УДРИЈА НА ПУТИН: Неговата цел не е да се победи кандидат или партија, тој сака да го победи Западот

Објавено во: Свет 11 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Тоа е чувството на републиканскиот сенатор Џон Мекејн кон рускиот моќник Владимир Путин.

Мекејн, кој се бори против ракот од дома , одлучи да објави мемоари кои посветуваат значително време за да се разбере улогата на САД за изборите во 2016 година и нејзиниот “неуреден“ однос со Русија.

Мекејн продолжува: „Владимир Путин е злобен човек, и тој е преодреден за зли дела, кои вклучуваат уништување на либералниот светски поредок што го води САД и што доведе до историска стабилност, просперитет и слобода за човештвото".

Мекејн коментира за недовербата кон Путин, ставајќи го Трамп настрана.

„Јас сум скептик за еднаквите можности за политиките на четирити администрации кон Русија. Сведок сум на многу погрешни работи во долгата политичка кариера. Путин не е еден од нив."

Мекејн укажува доказ за мешањето на Русија во претседателските избори во 2016 година кој видно го вознемири. Уште повеќе, неизвесноста околу тоа што администрацијата на Трамп може да стори за тоа, или не, го вознемири сенаторот повеќе.

„Јас воопшто не се согласував со восхитувањето на Трамп за Владимир Путин“

„Бев скептичен дека Трамп или неговите помошници активно соработувале со Русија“, напиша тој.

Мекејн се согласи да добие копија од она што денес се нарекува "досие". Поранешниот офицер на МИ6, којшто се вика Кристофер Стил, беше повикан да ги истражува врските помеѓу кампањата за Трамп и руските агенти, како и потенцијално компромитирачките информации за изборот за претседател, кој Путин, наводно, ги поседувал. Тој составил лошо досие, за кое критичарите велат дека има доста непроверен материјал. Претседателот се сомнева дали ФБИ платиле за неговото создавање.

„Ја разгледав содржината на досието", пишува Мекејн.

„Наводите беа вознемирувачки, но јас немав поим што е  вистината. Не можев самостојно да потврдам што било од тоа, и така сторив она што би требало да го стори секој Американец којшто се грижи за безбедноста на Америка. Го ставив досието во мојата канцеларија и побарав средба со дирекотрот на ФБИ. Отидов да го видам што е можно побрзо, му го предадов досието и објаснив како дојде во мои раце. Реков дека не знам што да направам со тоа, и верувам дека ФБИ ќе ја испита внимателно оваа проблематика и ќе ги истражи сите тврдења.“

Мемоарот на сенаторот Мекејн (напишан со помош на Марк Салтер), ќе биде објавен на 22 мај од страна на Симон и Шустер.


Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа