УНИШТЕНИ МОСТОВИ И ПАТИШТА: Во поплави загинаа 15 луѓе
Објавено во: Свет 14 Јули, 2018
Во поплави во Кина загинаа 15 луѓе.
Уништени се мостови, патишта, блокиран е железничкиот сообраќај, а најзагрозена е југозападната провинција Сечуан. Илјадници луѓе се евакуираат од најкритичните подрачја во државата.Нивото на реката Јангце порасна многу и предизвика поплави во многу области.
Метеоролозите најавија нови врнежи.