Добивај вести на Viber
Њујоршката берза нема да работи денеска и утре поради ураганот Сенди, јавуваат светските агенции. Тргувањето на Wall Street е целосно прекинато, бидејќи е многу тешко да се гарантира безбедноста на берзанските службеници. Друга загриженост е колку веродостојни ќе бидат берзанските операции при затекнатите состојби. Првичната одлука беше зградата на Њујоршката берза да биде затворена денеска, а тргувањето да продолжи по електронски пат.
Групата Nasdaq OMX која е втора по големина берза на фондови во САД, овјави дека сите нејзнини пазари во САД остануваат затворени денеска а дополнително известување ќе има за утрешниот ден.
Сите возила од јавниот транспорт во Њујорк, метрото, автобусите и возовите синоќа беа запрени поради приближувањето на големата бура Сенди која треба да го зафати најголемиот американски град вечерва по локално време.