30 Април, 2024
0.0254

УШТЕ ЕДЕН ИТАЛИЈАНЕЦ ЗА ЕКОНОМСКИ РЕФОРМИ - Мантованели заминува од Македонија, еве кој е нов директор во Светска банка

Објавено во: Економија 03 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Марко Мантованели си заминува, а на неговата позиција доаѓа друг Италијанец, Масимилијано Паoлучи.

Промената на првиот човек на Канцеларијата на Светска банка во земјава, институција која важи за убедливо најзначаен финансиски поддржувач и ментор на земјава, но и поттикнувач на сите најзначајни екоомски реформи, вчера беше запишана и во Централниот регистар на земјава.

Односно, како ново овластено лице на Канцеларијата на Светска банка е запишан Масимилијано Паoлучи, на местото на досегашниот прв човек, Марко Мантованели.

Кој е Масимилијано Паолучи, новиот државен менаџер за Косово и за Северна Македонија, во регионот на Европа и Централна Азија на Светска банка?

Во неговата биографија стои дека тој е италијански државјанин со повеќе од дваесет години искуство во економскиот развој. Масимилијано Паолучи бил специјален претставник на Светска банка во европските институции, НАТО, Кралството Белгија и Големото војводство Луксембург, позиција што ја извршувал од 1 ноември 2013 година.

Пред неговата сегашна задача, Паолучи служел како шеф на Канцеларијата на Светска банка за Јужна Европа со седиште во Рим, Италија, каде го координирал дијалогот со изборните единици во Италија, Шпанија, Португалија, Грција, Кипар и Ватикан. Дека Паолучи има богато светско искуство говори и фактот дека служел како висок офицер за земјата во Бразил и неколку карипски земји, а работел и престојувал и во Доминиканската Република и Хаити.

Инаку, Паолучи е магистер по меѓународни односи и економија на Универзитетот Џон Хопкинс, Факултет за напредни меѓународни студии. Покрај италијанскиот, неговиот мајчин јазик, тој течно зборува англиски, шпански, француски и португалски јазик, стои меѓу другото, во неговата биографија дадена од Светска банка.

А Марко Мантованели, пак, заминува за Узбекистан, по неколку години поминати во земјава, поточно од 2016 година, каде беше ангажиран заедно со Косово. Беше исклучително активен и присутен на сите настани преку кои Светска банка и помагаше на Македонија, без разлика дли стануваше збор за редовните пресконференции на кои се објавуваа економските параметри на земјава, но и толкувањето на Светска банка за економските резултати, за животниот стандард или вработеноста, или, пак, се работеше за одобрување на некоја донација, поволен заем, или стручна помош за бројните реформски процеси, за кои слободно може да се каже дека токму Светска банка беше и останува главниот „поттурнувач“.

Јавноста во земјава, особено политичките и бизнис круговите, ќе го памети Мантованели како сосема искрен и отворен соговорник, кој на новнарските прашања за било која економска ситуација во земјава одговараше со факти и аргументи, без било какво заобиколување. Од Мантованели секогаш имавте јасен и прецизен одговор, никогаш не беа потребни толкувања што тој всушност сакал да каже.

На пример, светските банкари никогаш не ја криеја поддршката што ја даваа за воведувањето на прогресивниот данок, кој Владата потоа го укина на неколку години со цел да направи дополнителни анализи, или, пак, ставот дека можеби треба да се зголемат годините на заминување во пензија, заедно со сите реформи кои се потребни за да се гарантира стабилноста на пензискиот систем. Под патронство на Светска банка беше и реформата на пензискиот систем со кој пензискиот придонес почна постепено да се зголемува, а пензиите, пак, почнаа да рсатат само врз основа на зголемувањето на трошоците за живот, а не и на платите како што беше дотогаш, што значајно придонесе за намалување на расхдите на државниот Фонд за пензиско осигурување.

Кога Владата, пак, за оваа година најави зголемување на пензиите, светските банкари предупредија дека ад хок зголемување на пензиите може може да ја поткопа долгорочната одржливост на пензискиот систем, како и постигнатото со реформите од 2018 година.

Во неговата биографија пишува дека Мантованели е професионалец за економски развој со повеќе од 20 години искуство во Латинска Америка, Африка и Европа.

Пред да се приклучи на Светската банка, тој бил консултант за економски истражувања во Европа и САД, а служеше и како офицер во италијанската морнарица.

Во текот на целата своја кариера во Светска банка, Мантованели имал различни позиции и во седиштето во Вашингтон, и во различни канцеларии низ целиот свет. Во 2000 година, Мантованели бил назначен за постојан претставник на Светска банка во Доминиканската Република, за време на периодот обележан со неколку пресврти во политиката и неизвесности по финансиската криза и во Хаити, за време и по бурното заминување на претседателот Jeanан-Бертранд Аристид .

Од 2007 до 2011 година, Мантованели служел како постојан претставник на Светска банка во Босна и Херцеговина, водејќи го дијалогот за поддршка на земјата по последиците од глобалната финансиска криза во 2008 година.

Инаку, Мантованели е магистер по меѓународни односи и политички науки на Универзитетот во Болоња (Италија) и магистер по меѓународна економија од Факултетот за напредни меѓународни студии на Универзитетот Џон Хопкинс.

Мантованели, можеби последното интервју во земјава како претставник на Светска банка, го даде за Фактор.

Откри тогаш дека Светска банка ќе одобри 140 милиони евра за Северна Македонија. За владините економски мерки тогаш порача дека треба да бидат брзи, небирократски, транспарентни и со јасни правила, да се скратат сите непотребни трошоци, а мора да се остави и простор за финансирање на економијата кога ќе почне закрепнувањето. Мантованели, кој е Италијанец, искрено говореше и за тешката состојба низ која помина неговата држава и блиски, очекувајќи тогаш, целосно со право, дека италијанското искуство ќе ги убеди и најголемите скептици дека треба да се придржуваме кон мерките за заштита...

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи