Добивај вести на Viber
Претседателската кандидатка на Левица, Билјана Ванковска на Фејсбук реагира на објавата на противкандидатот од ДУИ, Бујар Османи кој информира дека ги поканил на ифтар вечера претседателските кандидати Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Арбен Таравари и Максим Димитриевски.
Вели дека таа не се кандидира за европски, туку за македонски претседател. Ванковска посакува убава вечера во време кога децата во Палестина умираат од глад.
„Прво, Османи очигледно прави свои ‘црни листи’ на подобни и неподобни. За Јакимовски му е јасна поентата (се наоѓа на американска листа), но за мене можеби знае нешто што јас не го знам… Второ, разговор за избор на ЕВРОПСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ не ме интересира бидејќи јас се кадидирам за МАКЕДОНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ. Мојата легитимација ќе ја барам од мојот народ и од никој друг (па таман да е и ЕУ). Трето, да организираш гоштевање за ифтар во време кога деца умираат од глад во Газа е во најмала рака непристојно и нечовечно. Јас оваа година мислите ги упатувам кон Палестина и тешко ми е да прифатам пости и ифтари, во време на геноцид. Нека им е на здравје вечерата на тие што ќе ја прифатат. Јас не припаѓам во тоа друштво“, вели Ванковска.
Османи рече дека треба да се договораат за позитивна, конструктивна кампања и натпревар на идеи за да добиеме европски претседател.