03 Мај, 2024
0.0272

Велика Британија излезе од ЕУ, се славеше пред Парламентот

Објавено во: Свет 01 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Велика Британија ја напушти Европската Унија синоќа на полноќ, односно во 23 часот по локално време, и го просави фамозниот „Брегзит“. Така, Обединетото Краство стана првата членка во историјата што ја напушти оваа унија на европски држави, која сега брои 27 членки.

Досега, Европската унија никогаш не изгуби членка, туку исклучиво се прошируваше. Граѓаните на Велика Британија решија да ја напуштат Европската унија на референдумот што се одржа на 23 јуни 2016 година со мнозинство од 51,9 проценти од гласовите.

Лондон веднаш потоа официјално го започна процесот на повлекување од Брисел во март 2017 година, по член 50 од Договорот со ЕУ, по што започнаа сложените преговори што требаше да завршат со отстапувањето на 29 март 2019 година. Првата верзија на договорот за напуштање, која Брисел ја склучи со тогашната премиерка Тереза ​​Меј, е одбиена трипати во британскиот парламент, што неколку пати го одложуваше датумот на Брексит. Нејзиниот наследник, Борис Џонсон, постигна нов договор со Брисел кон средината на октомври 2019 година.

По новата промена во датумот на излегување на 31 јануари, 2020 година, тој освои убедливо мнозинство во парламентот на предвремените избори во декември, што конечно овозможи ратификација на Договорот за повлекување. На 24 јануари, Џонсон и лидерите на ЕУ потпишаа договор за излез на Велика Британија од Европската Унија, а Европскиот парламент го потврди тоа на 29 јануари.

Велика Британија се приклучи на Европската економска заедница во 1973 година, од која потекнува денешната Европска унија, а веќе во 1975 година се одржа референдум за членство во заедницата во таа земја, на кој, за разлика од овој последниот за излегување, две третини од британците гласаа да останат во ЕЕЗ.

Илјадници луѓе прославуваа на забава организирана синоќа во центарот на Лондон и се славеше излегувањето на Велика Британија од Европската Унија. Претходно во Велика Британија се одржуваа и проевропски протести, но тие не можеа да влијаат на исходот на Брегзит. На границата на Северна Ирска и Република Ирска, протест одржаа и граѓаните кои гласаа против актуелниот исход. Протести има и во Шкотска, каде што има пораки дека некој со сила ги тера вон ЕУ: Од друга страна, заговорниците велат дека се слави затоа што „ги отстраниле оковите на Европската унија и тоа што сега си го враќаат дел од суверенитетот кој го отстапиле со пристапувањето“

Часовник на Даунинг стрит одбројуваше до официјалниот Брегзит во текот на ноќта, додека Најџел Фараж, евроскептичен политичар и лидер на движењето за напуштање на ЕУ, се обрати на собирот на плоштадот пред Парламентот.

„Ние ја напуштаме Европската унија“, извикуваше Фараж, на која ликуваше толпата. „Ние го сторивме тоа“, рече тој , добивајќи аплауз. Тој рече дека ќе се слави вечерва затоа што тие знаат тоа најважната вечер во историјата на Велика Британија.

„Повеќе нема да мора да го слушаме Јункер, нема повеќе бирократи од Брисел да им кажуваат на нашите премиери што да прават. Ние ќе го славиме тоа вечерва“, рече тој.

Британскиот премиер Борис Џонсон им рече на граѓаните на Велика Британија дека напуштањето на Европската Унија не е „крај, туку почеток“ и „нов чин“ на британската историја.

Говорејќи преку подготвено видео на еден час пред излегувањето на Велика Британија, Џонсон рече дека „го слушале народот“ и ги вратиле назад инструментите за самостојно управување на земјата.

Велика Британија ја напушти Европската унија со мешавина на радост, гнев и рамнодушност, навлегувајќи во непознатото во еден од најголемите удари досега во обидот на Европа да направи единство од урнатините на Втората светска војна, потсети Ројтерс.

Претходно денес, знамето на Европската унија беше отстрането од постојаната мисија на Велика Британија во Брисел. На полноќ, ЕУ изгуби 15 проценти од својата економија, нејзиниот најголем воен потрошувач и центарот за меѓународниот финансиски капитал - Лондон.

"Најважното нешто што треба да се каже вечерва е дека ова не е крај, туку почеток. Ова е моментот кога зората зори и завесата се крева за новиот чин на нашата голема национална драма", рече британскиот премиер.

"Ние ја напуштаме Европската унија вечерва. За многумина, ова е неверојатен момент на надеж, момент за кој тие мислеа дека никогаш нема да дојде.   Велика Британија е во исто време голема европска сила, но исто така и глобална во своите амбиции и достигнувања. Сакам ова да биде нова ера на пријателска соработка меѓу ЕУ и енергичната Велика Британија“, порача Џонсон.


Можеби ќе ве интересира

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија