Венецуела повторно е во мрак
Објавено во: Свет 25 Март, 2019
Делови од Венецуела повторно се без струја.
Струја снемало околу 13:20 по локално време, а меѓу погодените места е и главниот град Каракас.
Поради прекинот во снабдувањето со електрична енергија не работат три линии од метрото во Каракас.
И претходно Венецуела со денови беше без струја.