(ВИДЕО) АТЕНТАТ НА ТИТО: Како југословенскиот лидер се спасил од сигурна смрт
Објавено во: Свет, Стил 03 Февруари, 2016
Лидерот на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито за малку не бил убиен во неговата посета на Дубровник во 1950 година, пишува Дубровачки дневник.
Планот бил атентатот да се изврши во Титовата резиденција во Дубровник.
Таму, потполковникот Бранко Рудиќ, еден од припадниците на личната заштита на Тито три пати пукал во југословенскиот лидер, но за среќа тој носел заштита.
Безбедносните служби на ЈНА и Маршалатот имале информации дека може да се случи атентат и поради тоа Тито постојано носел заштитен панцир.
За атентатот во Дубровник во 1950 година зборува и пензионираниот генерал-мајор на ЈНА и поранешен припадник на КОС Маријан Ф. Крањц, автор на книгата „Заговорите и атентатите против Тито“.
Тој исто така тврди дека Бранко Рудиќ испукал три куршуми и дека не бил повреден благодарение на панцирот.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/BiKeBkcv094[/embed]Инаку, југословенскиот лидер пробале да го убијат над 30 пати, вели историчарот Срџан Цветковиќ.
Во архивата постои и документ кој сведочи дека Тито му пратил порала на Сталин порачувајќи му : „Престани да праќаш агенти за да ме убијат. Ќе бидам присилен да пратам еден човек во Москва и нема да има потреба да праќам друг.”