(ВИДЕО) Додека гледале фудбалски натпревар се удавија од надојдена вода
Објавено во: Свет 29 Август, 2019
Седум жртви меѓу кои и едно дете има во Мароко во поплавите што вчера го зафатија југот на државата.
Поплавите во близина на градот Тарудант, на 600 километри јужно од главниот град Рабат и се предизвикани од обилните дождови. Во тек е спасувачка операција за потрага по преживеани.
Повеќето луѓе се удавија од ненадеен порој додека гледале фудбалски натпревар на игралиште изградено во близина на исушената река кај селото Тизрт.
Јужните марокански планини, познати како Анти Атлас, ретко во летото имаа дожд.