09 Мај, 2024
0.0740

(ВИДЕО) И „Casio“ подготвува паметен часовник

Објавено во: Стил 03 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Изгледа дека „Casio“ исто така имаат план да влезат на пазарот за паметни часовници, 40 години откако компанијата го претстави својот прв електронски часовник.

Според извори на „The Wall Street Journal“, компанијата се потпира во голема мера и на своето искуство, кое вклучува создавање на часовници, кои можат да прават многу повеќе работи од прикажување на времето.

Компанијата веќе има модели кои може да се поврзуваат преку „Bluetooth“ со паметен телефон, но новиот уред очигледно е повеќе технолошки.

„Casio“ работи на проектот неколку години и се очекува да искочи на пазарот во Јапонија во март следната година по цена од 400 долари.

Според шефот на компанијата Казухиро Кашин најпаметниот часовник на „Casio“ ќе е издржлив на надворешни влијанија, ќе се става лесно и ќе е удобен за носење.

Уредот ќе обрне внимание на потребата на масовен пазар од погодност и како целина ќе биде часовник, кој е паметен, а не паметен уред кој е часовник.