(ВИДЕО) НЕСЕКОЈДНЕВЕН MИТИНГ: Српскиот министер Љајиќ се фрли во публика
Објавено во: Балкан 18 Јуни, 2020
Српскиoт министер Расим Љајиќ на предизборен митинг се фрли во публика од бината.
Тој е претседател на Социјалдемократската партија на Србија и основач на Санџачката демократска партија. Љајиќ синоќа, понесен од атмосферата, се фрли од бината во публика.
По скокот тој заврши во рацете на своите поддржувачи кои го креваа и спуштаа додека тој ги држеше рацете високо кренати.
Митингот беше одржан во Нови Пазар под името „Европски Нови Пазар – Расим Љајиќ“, а станува збор за последното партиско собирање пред неделните избори во Србија.