(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Во Мадрид водата носеше автомобили по улиците
Објавено во: Свет 27 Август, 2019
Поплави има кај шпанскиот главен град Мадрид каде улиците се поплавени, а дел од метрото е отсечен.
Обилните дождови предизвикаа поплави и ги претворија улиците во реки, а пожарникарите интервенирале најмалку 150 пати.
Пожарникарските служби реагирале 152 пати вчера, главно на југот и истокот на градот.
Повредени нема во невремето. За шест часа се регистрирани 9.000 молњи.