(ВИДЕО) ОПАСНОСТА НЕ СЕ НАМАЛУВА: Поплавите прават штети во Црна Гора
Објавено во: Балкан 07 Ноември, 2019
Поплави и понатаму ѝ се закануваат на Црна Гора, a опасноста не се намалува. И во наредните денови ќе има поплави.
Хидролошката ситуација во земјава утрово е значително подобра, но далеку од тоа дека поминала опасноста. Ова го соопштил генералниот директор на Директоратот за вонредни ситуации на Црна Гора, Мирсад Мулиќ.
Мулиќ верува дека ќе успеат да се изборат со сите предизвици кои се случиле поради обилните врнежи.
Тој во утринската програма на ТВЦГ рекол дека и понатаму ќе ја следи ситуацијата и во полн капацитет ќе биде подготвен да реагира ако има потреба за тоа.
Обилните врнежи создадоа проблеми во сообраќајот.
Авто мото сојузот на Црна Гора им советуваше на граѓаните за Србија да патуваат преку Плевље и Жабљак. Вчера патот Подгорица - Колашин со часови беше затворен поради надојдени води. Откако реките се излејаа од коритата, многу домаќинства беа загрозени.