(ВИДЕО) Ова е футуристичко дело „вредно“ 200 милиони долари
Објавено во: Свет 27 Март, 2019
Уникатен проект и вистинско футуристичко дело. Вака британскиот архитект и дизајнер Томас Хартвик го опиша своето ново ремек-дело Vessel.
Се работи за нова 45-метри висока конструкциска скулптура во луксузниот кварт на Њујорк – Hudson Yards на западната страна на Менхетен.
Oваа уметничка конструкција во форма на чаша се состои од 2.500 скали, 80 платоа и лифт.
Покрај тоа, зградата може да прими околу 1.700 посетители, а целата изградба чинела 200 милиони долари.