(ВИДЕО) Паоло Коељо се извини на Франција и на Брижит Макрон за навредите
Објавено во: Свет 27 Август, 2019
Познатиот бразилски писател Паоло Коељо илјада пати се извини за навредите и недипломатските изјави што на Франција и на францускиот претседател, Емануел Макрон ги упати претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро за пожарите во Амазонија.
Тој на Твитер создаде движење на поддршка на првата дама на Франција, Брижит Макрон.
„Ова е тажно видео со кое им се извинувам на моите француски пријатели за кризата. Јас би рекол поради хистеријата на Болсонаро кон Франција, францускиот претседател и неговата сопруга“, изјави Коељо на снимката објавена на Твитер.
Коељо е роден во Рио де Женеиро во 1947 година и е еден од најчитаните автори во светот, а неговиот роман„Алхемичарот“ е продаден во десетици милиони примероци.
Au peuple français pic.twitter.com/MWGG1koMbx
— Paulo Coelho (@paulocoelho) August 26, 2019