(ВИДЕО) Парада во Москва - што порача Путин?
Објавено во: Свет 09 Мај, 2018
На Црвениот плоштад во Москва денеска се одржува воена парада по повод Денот на победата.
Во воздушниот дел од парадатаа учествуваат 75 екипажи на оперативно-тактичкото, воено-транспортното и воено воздухопловство. На почетокот на парадата рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, изврши смотра на единиците, по што следеше рапорт од страна на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.
Во обраќањето пред присутните, Путин го честиташе 9 Мај и потсети на триумфалната победа во Втората светска војна.
„Наш долг е да го чуваме сеќавањето за храброста на војниците кои ги дадоа животите за другите. Секогаш ќе бидеме горди на тоа што Советскиот Сојуз не го свитка ‘рбетот пред суровите непријатели“- рече Путин.
На парадата учествуваат повеќе од 12 500 војници. На настанот ќе биде прикажан новиот роботски тенк „Уран 9“ вооружен со противтенковски ракети, топови и митралези. „Уран 9“ може сам да ги лоцира целите, но одлука за стрелање носи командирот на возилата кој седи во блиндиран камион, не подалеку од три километри од „Уран 9“.