(ВИДЕО) ПОПЛАВИТЕ СТИГНАА: Луѓето се евакуираат поради налетот на Гита
Објавено во: Свет 20 Февруари, 2018
На Нов Зеланд е прогласена вонредна состојба пред да „удри“ ураганот Гита.
Градот Крајстчрч и јужниот дел на Нов Зеланд се подготвуваат за силен удар на ураганот кој веќе предизвика поплави и оштетувања на куќите и патиштата.
Училиштата се затоврени, а делови од островот се отсечени поради лизгање на земјиште на
патиштата.
Новозеландската авио компанија ги откажа сите летови. На жителите им било кажано да се
подготват за силни поплави и за ветрови со брзина од над 150 километри на час.
Главниот удар на ураганот се очекува во текот на ноќта и утре наутро. Жителите кои живеат во пониските подрачја се евакуираат.
Гита до скоро беше во категоријата тропски циклони и иако сега е ослабена.
Претходно Гита направи голема штета во Тонга и во Фиџи минатата недела.