(Видео) РУСИЈА ПРОТИВ НАТО: Еве како би изгледала Трета светска војна
Објавено во: Свет, Стил 04 Февруари, 2016
Би-Би-Си емитуваше филм „Трета светска војна: од командантниот пункт”, по сценарио во кое се опишува потенцијален конфликт меѓу Русија и НАТО.
Дејството во филмот се одвива во командантен пункт на вооружените сили на Велика Британија, откако светот е доведен на ивица на нуклеарна војна.
Потоа, проруските сили го заземаат полуостровот во Летонија, каде ќе се сретнат со англо-американската коалиција.
Според сценариото, Русија фрла нуклеарна бомба на британските воени бродови.
Освен измислените случувања, во филмот има и сериозни дискусии меѓу вистински политичари и воени лица, бивши руски министри и поранешни команданти на британската флота.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/5Ha08DePAM0[/embed]