(ВИДЕО) СРУШЕН Е ОМАР АЛ БАШИР: Војската на Судан го симна од власт после 30 години владеење
Објавено во: Свет 11 Април, 2019
Војската на Судан ја преземала контролата над улиците, раскрсниците, и мостовите во земјата, наведува очевидци од Картум.
Претседателот на Судан Омар ал Башир поднел оставка и се наоѓа во домашен притвор.
Неговата лична стржа е заменета и под строг надзор. Башир владееше со Судан три децении. Тој е обвинет за воени злосторства и геноцид од страна на Меѓународниот кривичен суд за постапките на неговата влада во Дарфур.
Како што пренесуваат медиумите од светот војската не го запира ниту движењето на демонстранти и луѓе кои слават на улиците, а се очекува воена најава во државта ТВ Судан.
Претходно неколку луѓе се повредени кога две сили на безбедноста отвориле оган во близина на медицинскиот комплекс Ал Башир, рекол очевидец.
Војската била во состојба да ја контролира ситуацијата по инцидентот , и не било јасно дали се повредени припадници на безбедносните сили, воен персонал и демонстранти.
Омар ал-Башир дојде на власт во Судан во 1989 година, кога водеше државен удар против поранешниот премиер Садик ал-Махди. Башир ја распушти владата, политичките партии и синдикатите и се прогласи за претседател на Советот за револуционерна команда.
Преживеа обид за државен удар следната година. Подоцна, тој наредил убиство на повеќе од 30 војници и полицајци вклучени во неуспешниот државен удар. Во 1993 година, Башир го распушти Револуционерниот команден штит и го врати Судан во номинална цивилна власт, со себеси како претседател.