(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА: Загина најбрзата жена на четири тркала обидувајќи се да го урне сопствениот рекорд
Објавено во: Свет 29 Август, 2019
ТВ водителката и „најбрза жена на четири тркала во светот“, Американката Џеси Комбс (36) загинала во несреќа во пустината Алворд во американската сојузна држава Орегон додека се обидувала да го урне сопствениот рекорд.
Џеси Комсб во октомври 2013 стана најбрзата жена на четири тркала на светот постигнувајќи брзина од 631 км на час возејќи автомобил на млазен погон North American Eagle (NAE) Supersonic Speed Challenger.
Eagle е возило кое е составено од остаток на млазниот авион Ф-104 на Локид Стартфајтер, пренесоа дел од медиумите.
Деталите за несреќата не се познати, но според пишувањето на американските медиуми, 36 годишната Американка настрадала обидувајќи се да го урне досегашниот рекорд.
Фото: твитер