(ВИДЕО) ТРЕТ СЛУЧАЈ: Во сандак во возило најдени мигранти
Објавено во: Балкан 05 Ноември, 2019
Хрватската полиција во возило пронајде специјален сандак каде имало девет лица.
Мигрантите се пронајдени на автопатот Загреб-Липовац во близина на стојалиштето Растовица. При контрола на возилото со полски регистарски ознаки, во специјален сандук направен од иверца кој бил затворен со завртки.
Полицијата на вуковарско-сремската жупанија пронајде девет странски државјани, заробени во дрвен сандак во товарно возило со кое управувал шверцер, пренесе српски „Курир“.
„При отворањето на сакндукот, полициските службеници пронашле и веројатно ги спасиле животите на девет странски државјани – три мажи, две жени и четири малолетни лица. Во моментот на отворање на сандакот, полициските службеници почувствувале значително зголемена температура и загушлив воздух“– соопшти локалната полиција.
За овој случај се уапсени три лица, еден државјанин на Украина и двајца на Полска. Oва е трет ваков случај за краток временски период. Мигранти починаа во камион во Велика Британија, а вчера мигранти беа најдени во камион во Грција. За првиот случај имаше апсења во Британија и Виетнам. Мигрантите заминале во борба за подобар живот.