(ВИДЕО) ВАКВА КАТАСТРОФА НЕМАЛО ЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ: Загинаа над 200 луѓе
Објавено во: Свет 13 Јули, 2018
204 луѓе загинале, а 54 лица се водат како исчезнати во поплавите кои ја зафатија Јапонија, соопшти генералниот секретар на владата, Јошихиде Суга, објави АП.
Оваа поплава, која е последица на големите врнежи кои со денови не престануваа и во која најпогодени се Хирошима и Еџиме, е најголемата во последните 40 години. Според извештаите на надлежните јапонски институции, во центрите за евакуација се згрижени повеќе од седум илјади луѓе, а во спасувачката операција се ангажирани повеќе од 70.000 војници, пожарникари и полицајци и над 5.000 доброволци.