(ВИДЕО) Во последната изјава Рамадановски вчера рекол дека сега вистински е загрижен за своето здравје
Објавено во: Балкан 06 Декември, 2020
Денеска на 56 годишна возраст почина српскиот пејач Џеј Рамадановски кој зад себе остави многу хитови. На Рамадановски му се слошило денеска, во неговиот дом дошла Итната помош но попусто - не успеале да го реанимираат.
А вчера Рамадановски дал изјава за еден српски медиум. Рекол дека е во целосна изолација поради здравствената состојба со цел да се заштити од заразување со корона вирусот и признал дека за прв пат бил искрено загрижен за своето здравје.
Пејачот не криел дека тешко му паднала изолацијата, бидејќи претходно живеел боемски живот- секојдневно по кафулиња.
„Не можам да излезам никаде за да не ризикувам да се заразам. Веќе имав проблеми со срцето и вирусот може да биде фатален за мене. Не ги гледам ниту моите најдобри пријатели и морам да признаам дека многу ми недостасува кафулето, рече тој.
А пред една недела Рамадановски имал и видео гостување односно бил гостин во емисијата Балканска улица. Ја отворил душата и зборувал за животот, за неодамнешната операција.